Поради големиот мигpaнтcки бран, Литванија донесе закон за масовно притвopaње мигpaнти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Парламентот на Литванија усвои закон со кој се дозволува масовно притворање на баратели на азил. Причината е зголемениот прилив на мигранти од Белорусија, јавуват странските агенции.

Во последниве недели, Литванија сигнализираше зголемување на бројот на илегални мигранти приведени долж границата со Белорусија. Властите на 2 јули објавија дека ситуацијата е екстремна поради приливот на илегални мигранти и одлучија да постават бодликава жица долж границата со Белорусија.

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко, пак, рече дека Минск повеќе нема да ги спречува оние кои сакаат илегално да емигрираат во земјите на ЕУ, бидејќи земјата нема „ниту пари, ниту сила“ поради западните санкции.

Литванскиот парламент денеска го одобри масовниот притвор на барателите на азил и им го ограничи правото на жалба во обид да има ефект на одвраќање врз луѓето што ја преминуваат границата со Белорусија.

За законот гласаа 84 од 141 пратеник, одбивајќи го повикот на Црвениот крст и другите невладини организации, според кои законот ги крши меѓународните обврски на Литванија и правата на мигрантите.

Поради миграцискиот притисок, Европската агенција за гранична и крајбрежна стража ФРОНТЕКС соопшти дека ќе испрати итна помош на Литванија.

– Ситуацијата на границата на Литванија со Белорусија продолжува да предизвикува загриженост, поради што е неопходна итна интервенција на ФРОНТЕКС за зајакнување на надворешната граница на ЕУ, изјави извршниот директор Фабрис Леџери.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This