April 20, 2024, 12:28 pm

Поради Делта сојот Норвешка го одложи олеснувањето на мерките

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Норвешка денеска најави ублажување на некои ограничувања за ковид-19, но ја одложи последната фаза на повторно отворање на економијата најрано до крајот на овој месец заради загриженост за ширењето на делта – варијантата.

Мерките што ќе останат се: ограничување на бројот на лица на маса во баровите и рестораните, ограничувања на 20 лица на собири во приватни домови и ограничувања на рекреативни спортови за возрасни
Овие мерки требаше да бидат укинати денеска, доколку владата дадеше „зелено светло“ за спроведување на четвртата и последна фаза од рестрикциите

„Постои ризик дека делта-варијантата ќе предизвика четврти бран инфекција кај невакцинираниот дел од населението, меѓу оние кои примиле само една доза или оние од ранливите групи“, рече премиерот Ерна Солберг.

Светската здравствена организација соопшти дека Делта-сојот станува глобално доминантна варијанта на ковид-19, предизвикувајќи загриженост дали постојните вакцини се ефикасни против него.

СЗО стравува од нов европски бран на делта-сојот поради собири, ЕМА вели мешањето на вакцини е ефикасно против сите соеви

Министерот за здравство вели дека оваа варијанта може да стане доминантна во Норвешка овој месец.

Скоро две третини од возрасните во Норвешка примиле прва доза на вакцина против ковид-19 и 37% од возрасните се целосно вакцинирани, според норвешкиот Институт за јавно здравје.

Нордиската земја размислува и за вакцинирање на 16 и 17 годишна возраст, а конечната одлука се очекува во септември, соопшти Владата.

Потезите за олеснување на рестрикциите вклучуваат да се дозволи почнувајќи од четврток, повеќе луѓе на јавни настани на отворено и затворено, под услов да има тестирање за вирусот и присутните да можат да докажат со сертификати дека прележале ковд-19 во последните шест месеци, или негативен резултат од тест.

На настаните на отворено со публика што не седи, како што се музички фестивали, ќе биде дозволено да има 3 000 луѓе, за разлика од досегашниот лимит од 1 000.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This