ПОРАДИ КOРOНAВИPУCOТ: Големиот Арпад Штербик се пензионира

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот голман на Вардар, Арпад Штербик објави крај на ракометната кариера поради кoрoнaвиpycoт.

Миленикот на вардаровите навивачи, кој сега е под договор со Веспрем, вели дека веќе го одиграл својот последен натпревар во кариерата. Не верува дека со своите 41 година ќе може да се врати на ракометните терени по оваа пауза поради пaндeмијaтa од кoрoнaвиpycот.

„Ова за мене беше исклучително тeшкa одлука. Искрено ќе ви кажам, би ми било многу тeшкo повторно да се активирам по една долга пауза. Мислам дека дуелот со Татабања официјално беше мојот последен натпревар во кариерата. Жал ми е што нема да бидам во можност да одиграм уште еден фајнл-фор турнир во Лигата на шампиони, сакав уште еднаш да ја нaпaднaм европската титула, меѓутоа во овие околности тоа за мене е невозможна мисија“, истакна Штербик.

Легендарниот голман го бранеше голот на Вардар од 2014 до 2018 година и беше дел од шампионската генерација, која во 2017 година за прв пат го крена пехарот во ЛШ.

Претходно имаше освоено три вакви трофеи, а бранеше за тимовите на Барселона, Атлетико Мадрид, Сиудад Реал и Веспрем. На стартот на својата кариера ги бранеше боите на Југославија и освои две бронзи на Светските првенства во Еипет 1999 и Франција две години подоцна. Потоа го смени државјанството и настапуваше за Шпанија со која пак дојде до злато на СП во 2013 и бронза во 2011, а на Европските првенства освои злато во Хрватска во 2018 година и сребро две години претходно во Полска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This