Поради нecпособноста на Филипче и Заев да набават вакцини, македонските граѓани принyдени да се имунизираат во соседството

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонските граѓани продолжуваат спасот во борбата против новиот корона вирусот да го бараат во соседството. Односно, поради неспособноста на нашите власти, пред се на министерот за здравство, Венко Филипче и на премиерот, Зоран Заев да обезбедат вакцини против Ковид-19 за населението, граѓаните спасот за имунизација го бараат во соседните земји, пред се во Србија.

Имено, вчера на социјалната мрежа Фејсбук, добро познатиот професорот на Технолошкиот факултет при битолскиот универзитет, Дејан Трајковски објави дека во саботата попладне се вакцинираше во Здравствениот Дом во Врање, соседна Србија. Тој пишува дека ја примил вакцината на производителот АстраЗенека од Оксфорд и дека единствена реакција по вакцинирањето била повишена температура и слаба болка.

„Четири дена од првата доза на Оксфорд/АстраЗенека вакцината во саботата попладне и веќе можам да ги резимирам ефектите. Локално, на левото рамо никогаш немав ни црвенило, ни оток ни печење. Наредниот ден по вакцинирањето осетив тапа, многу слаба болка, како да сум се удрил малку во некаков тврд предмет (но без модринка), а оваа слаба болка не траеше ни еден ден. Ништо сериозно, да не знаев дека сум примил вакцина немаше ни да ја забележам. Утредента, во неделата, цел ден пешачев низ Врање и околните ридови и возев назад до Битола. По враќањето дома од чиста љубопитност и без никаква потреба, измерив температура, која изнесуваше 37,8 степени Целзиусови. Тоа беше точно 24 часа по примената вакцина“, пишува професор Трајковски на Фејсбук.

Инаку, Трајковски е познат по тоа што на својот Фејзбук профил често објавува статистики поврзани со Ковид-19, при што во дел од нив тврди дека Македонија веќе има стекнато колективен имунитет.

Инаку, во Србија освен македонските граѓани кои имаат и српско државјанство, можат да се вакцинираат и македонските државјани. Македонските државјани имаат голем интерес за вакцинирање во Србија и досега 73 граѓани од Македонија, кои имаат и српско државјанство, се вакцинирани со кинеската вакцина на „Синофарм” на пунктот во Врање и Бујановац.

Како што пред некој ден јави дописникот на МИА од Белград можност за вакцинирање имаат и оние кои немаат српско државјанство, нешто за што македонските граѓани особено се заинтересирани, затоа што во Македонија немаат таква можност.

Порталот Е-управа овозможува апликација за вакцинација на странски државјани кои немаат регистриран престој во Србија. Доволно е да имаат српски мобилен број, што досега го искористија многу државјани на Македонија, за да можат да добијат СМС потврда за датумот и местото на вакцинација, кој е бесплатна.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This