Поради обилниот дожд појава на одрони на патот М.Каменица – Кочани

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Силниот дожд што го зафати каменичкиот регион повторно создаде проблеми долж патниот правец М.Каменица – Кочани, каде на повеќе места се забележани одрони.
Од „Македонија пат“ апелираат до возачите за внимателно движење по влажниот коловоз, и додадоа дека поради одроните, нивни екипи ја санираат состојбата на најкритичните места.
-Освен одроните имаме дојава за паднато дрво на патот во близина на селото Истибања. Наши екипи ќе ја следат ситуацијата и во зависност од потребите ќе продолжат со интервенции онаму каде е најпотребно, истакнаа од „Македонија Пат”.
Невремето претходно создаде проблеми и во Пехчевскиот регион, каде имаше прекин во снабдувањето со електрична енергија и одрони на одредени делници од патот Делчево-Пехчево

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This