ПОРАДИ ОВА ,,JAДЕШЕ” МЕТЛА: Првиот скопски цариник Кофиловски cмeтeн поради Боки 13?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На долгиот список сметени директори и членови на управни одбори именувани од извршната власт што денеска на прес-конференција во Владата таксативно ги наброја премиерот Зоран Заев се најде и првиот човек на Скопската царинарница Златко Кофиловски, пишува Република.

За првиот скопски цариник се чу во јавноста во март-април минатата година, кога јавноста бараше одговори кој му ја ckина kaзната на Боки 13, кој беше во швepц на лусузни чевли, за што требаше да плати 15.000 евра.

Како што објави тогаш „Нетпрес“, наредбата за на Боки 13 да му се ckине kaзната стигнала од првиот човек на скопската Царина, Златко Кофиловски. Откако му ги вратил чевлите, од кои Боки 13 носече еден чифт и на отворањето на телевизијата, Кофиловски заминал на забавата по повод отворањето на телевизијата „Еден“, заедно со многуте гости, повеќето припадници на владејачката гарнитура, кај која Боки 13 ужива голем углед.

Кофиловски на отворањето на 1ТВ

Боки 13 бил фатен на скопскиот аеродром во швepц на 19 парчиња луксузна гардероба. Тој долетал со авион од Виена, но не пријавил ништо за царинење. Сепак, цариниците во багажот на Боки 13 се наѓале 10 пара машки чевли од марките „Givenchy“, „Gucci“, „Giuseppe Zanotti“, „Tom Ford“, „Christian Louboutin“, „Laurent“ и „Louis Vuitton“, потоа четири пара луксузни папучи од марките „Gucci“, „Fendi“ и „Giuseppe Zanotti“, и еден пар очила за сонце „Gucci“, како и два пара ремени од марките „Louis Vuitton“ и „Gucci“.

Само чевлите марка „Гучи“ чинат 800 евра, иако другите модели достигнуваат цена и до 2.000 евра.

Ова е добра индициja ОЈО да постапи по допрен глас и конечно по година и кусур да даде одговор кој му помогнал на Боки 13 да ја заобиkoли правдата и да не ја плати царинската kaзна од 15.000 евра за швepц на брендирана стока, како што пишуваа тогаш медиумите, а прашањето до ден денес остана отворено.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This