ПОРАДИ СТРАВ ОД ЕПИДЕМИЈАТА: Франција и Русија ќе ги евакуираат своите државјани од Вухан

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Франција планира да ги евакуира француските државјани кои останале во Кина, откако кинеската Влада реши да воведе карантин за градот Вухан по избувнувањето на коронавирусот, објавија кинеските медиуми, повикувајќи се на електронско писмо од францускиот конзулат.

– Генералниот конзулат во соработка со локалните власти планира да воспостави автобуска линија што ќе им овозможи на француските државјани и нивните сопружници и деца, без разлика дали имаат кинеско или некое друго државјанство да заминат од Вухан во Чангша – се вели во имејлот од Конзулатот.
Руската амбасада во Кина, исто така, соопшти дека се во контакт со кинеските власти за евакуација на своите државјани од Вухан.

Претходно САД почнаа постапка за евакуација на своите државјани од Вухан, каде изби епидемијата на најновиот смртоносен коронавирус.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This