ПОРАЗИТЕЛНА СТАТИСТИКА: 500 илјади граѓани се водат како сиромашни иако се вработени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Половина милион граѓани од земјава иако се вработени се водат како сиромашни. Овој алармантен податок за Алсат го обелодени Оливера Доцевска од невладината организација Платформа за борба против сиромаштијата.

Статистички можеби овој негативен феномен се намалува, но во реалноста е сосема друго, кај најмладите, но и кај лицата од третата доба, сиромаштијата се зголемува со забрзано темпо. Потребни се поголем број мерки, програми и законски решенија.

„Многу е тешко во Република Македонија да кажеш кој е сиромав, а кој не е. Замислите ние имаме половина милион сиромашни – вработени, а тоа е онаа стапка под минималниот приход и минималната плата“, рече Оливера Доцевска, Македонска платформа против сиромаштија

Поголемиот дел од граѓаните кои ги анкетиравме сметаат дека нискиот стандард и слабата куповна моќ на младиот човек е доволна причина да си замине од земјава. Но, сепак, кај дел од граѓаните сè уште постои оптимизам.

„Животот во Македонија е многу поскап од европските земји, а нашите плати се многу ниски. Прашањето е за децата, што иднина ние садиме за нашите деца. Мислам дека за 100% треба да се промени мислењето, треба да останат младите во Македонија и ние како возрасни треба да им подадеме рака за подобра иднина.“

„Знаци има за подобрување, да бидеме искрени. И кај народот и надвор веќе нè почитуваат.“

„Треба како што се ветува, плата од 500 – 600 евра, минимум требаат толку пари за една фамилија, ако се повеќе членови во фамилијата и илјада евра се малку бидејќи цените се високи за сè“, реагираат граѓаните.

Од Министерството за труд и социјална политика велат дека новите законски решенија ќе влијаат врз намалување на сиромаштијата. Со пакетот закони за социјална реформа кои се во собраниска процедура, сметаат дека ќе се подобри состојбата кај ранливите категории на граѓани.

Министерство за труд и социјална политика:

Парична помош ја зголемуваме за 300% и таа за типично семејство со две деца коишто одат во училиште ќе изнесува 10.600 денари. Посебно внимание ќе се посвети на активација на работоспособните на пазарот на трудот преку нивна доквалификација и доедукација. Детскиот додаток од досегашните 3.200 деца, ќе го користат 73.500 деца, а образовниот наместо 3.800 деца, 64.316 деца бидејќи право на овие додатоци ќе имаат и семејствата со минимални приходи.“

Официјалните податоци на државната статистика велат дека стапката на сиромаштија во земјава е 22 отсто. Најзагрижувачка е состојбата кај младите до 17 години каде сиромаштија достигнува 30 отсто. 16 проценти од пензионерите се водат како сиромашни.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This