ПОРАЗИТЕЛНИ ПОДАТОЦИ СЕКОЈДНЕВНО: Заводот за статистика регистрираше нов пад на прометот во индустријата, компаниите се борат за преживување!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Прометот во индустријата во јули во однос на јуни годинава е намален за 9,1 процент, а споредено со јули лани за 2,5 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во периодот јануари-јули годинава споредено со првите седум месеци од минатата година прометот во индустријата бележи раст од 7,4 проценти.

На домашниот пазар во јули годинава во однос на јули лани прометот во индустријата бележи опаѓање од три проценти, односно од 2,4 проценти на странските пазари.

Гледано по сектори, во јули годинава споредено со јули минатата година има опаѓање од 11,2 процента кај секторот „Рударство и вадење камен“ опаѓање од 11,2 процента, а во „преработувачка индустрија“ од 2,2 процента.

Според главните индустриски групи, прометот во јули 2017 година, во однос на јули 2016 година, е намален кај „капитални производи“ за 0,7 проценти и „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 11,3 проценти.

Економијата тоне, Владата не реагира- падот го бележат и извештаите на меѓународни финансиски институции

Економијата во Македонија во вториот квартал од 2017 година се намали за 1.8 отсто споредено со истиот квартал од 2016година. Во поголем дел од овој период, економијата остана „замрзната“: домашните инвеститори речиси целосно се воздржаа од развојни активности, а влез на нови странски инвеститори речиси и немаше, проценува „Finance Think“ во најновата анализа.

Поради овој тренд „Finance Think“ ја ревидира надолу проекцијата за растот на БДП за годинава на 0.8 отсто, одразувајќи го ризикот околу брзината со која новата влада се враќа на патеката на структурните реформи.

Оваа значајна надолна ревизија на БДП е одраз и на повисокиот пад на економијата од очекуваниот во вториот квартал годинава, како и на застојот во реализацијата на капиталните инвестиции, понатамошната воздржаност на потенци јалните странски инвеститори и отсуството на амбициозна и структуирана економска цел и програма во моментов, оценува овој институт за економски истражувања и политики.
Бруто инвестициите се намалија за 19,9%. Истовремено, во отсуство на владин импулс, капиталните инвестиции, особено оние во крупната инфраструктура, се реализираа со значително забавено темпо. Градежништвото се намали за 17,3%.

Паралелно на ваквите движења на економијата, стапката на невработност забележа понатамошно благо намалување за 0,3 процентни поени, до 22,6%, кое главно се должи на исцрпувањето на ефектите од вработувањата во фабрките кои веќе беа воспоставени во економијата.

Дека економијата тоне, а бројките се загрижувачки, предупредуваат и експерти кои велат дека новата влада со сегашните мерки може да ја однесе Македонија во рецесија. Најавата на странски инвеститор кој капиталот планирал да го вложи во Македонија, сега ќе го пресели во Србија и дека ќе ја затвори веќе постоечката фабрика во земјава, но и најавата на 3 големи странски компании дека ќе ја напуштат Македонија а со тоа да се укинат околу 2000 работни места, според ВМРО ДПМНЕ е знак на несериозност и непознавање на целиот процес за водење странски инвестиции.
Според нив тоа е процес кој бара многу анализи, а токму испраќањето на лоши сигнали од страна на Новата Влада ќе придонесе светските инвеститори да ја тргнат Македонија од својата инвестициска мапа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This