ПОРАЗИТЕЛНО: Само два милиони евра за справување со загадувањето во Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата на Република Македонија на редовната 116-та седница ја усвои Предлог – програмата за реализирање на Планот за чист воздух за 2019 година, која има 4 компоненти: мерки за директно справување со причините за загадување, градење на јавната свест од предучилишна до пензионерска возраст, регулаторни промени неопходни за транзиција кон енергетски систем со ниска емисија и имплементација на платформа за координација и следење на реализација на програмата, информира владината прес-служба.

Програмата за намалување на аерозагадувањето ја утврдува и намената на обезбедените средства во висина од 2 милиони евра. Парите, според соопштението, ќе се наменат за финансирање на замена на постојните нееколошки системи за греење во домаќинства, градинки, основни и средни училишта, здравствени објекти и административни објекти во најзагадените градови во земјата, како и за набавка на пречистувачи за воздух во внатрешни простории во градинки, основни и средни училишта, здравствени објекти и административни објекти.

Во акцискиот план за намалување на аерозагадувањето за 2019 година се вметнати и иницијативи на три граѓански организации коишто се однесуваат на изработка на посебна интернет страница, каде што на едноставен начин ќе бидат набројани сите мерки кои треба да ги спроведат државните институции и на инсталирање на филтри во малите и средни претпријатија, особено во оние од дрвната дејност.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This