March 28, 2024, 11:53 pm

ПОРАКА ДО ИВАНОВ ОД ПРОТЕСТОТ ПРЕД СУД: Иванов да го сопре политичкиот прогон врз Груевски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои Трајко Вељаноски, Зоран Илиовски, Крсто Јовановски, Јохан Тарчуловски,Невенка Стаменковска, Драган Данев како и ексфункционерот Оливер Андонов и лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски, дадоа поддршка на протестот на граѓаните кои во голем број се собраа бпред кривичниот суд. На протестот граѓаните побараа од претседателот Ѓорге Иванов да го прекине, како што велат, прогонот врз експремиерот Никола Груевски.

Александар Трајковски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека самоиницијативно како членови на партијата и почитувачи на ликот на Никола Груевски дошле пред зградата на судот за да упатат неколку пораки.

„Ова е политички прогон. Смешно е што главниот доказ е сè уште во Владата и секојдневно се користи. СЈО е неуставно, а сите докази се прибавени на незаконски начин и не може да служат во судска постапка. Ги охрабруваме судиите да работат во согласност со законите“, рече Трајковски.

Тој рече дека Иванов е единствен политичар што има кредибилитет да донесе одлука да го прекине, како што рече, прогонот кон Груевски.

„Го повикуваме претседателот Иванов, единствениот политичар што има кредибилитет, да донесе одлука да се прекине овој прогон. Упатуваме јасна и недвосмислена поддршка за Иванов. Упатувам и поддршка за Никола Груевски бидејќи сме благодарни за неговите залагања. Тој се бореше за правда, ние ја поддржуваме борбата“, рече Трајковски.

По протестот, учесниците најавија дека ќе одат кај Иванов да го достават барањето за прекин на прогонот.

„Правдата за Груевски е правда за нас. Денес е тој, утре некој друг“, рече Трајковски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This