ПОРАНЕШЕН ШЕФ НА ЦИА ЗА БАЛКАНОТ: Македонија пропаѓа со месеци, границите ќе се менуваат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот шеф на ЦИА за Балконот, Стив Мејер во интервју за српскиот медиум “Новости”, вели дека границите најверојатно ќе се променат во Македонија, како и во Косово. Тој проценува дека Европската унија нема избор за Балканот, а САД не се заинтересирани за регионот.

Зборувајќи за ситуацијата во регионот, Мејер вели: “Босна и Херцеговина сега е далеку од обединета држава. Косовското прашање станува посериозно, додека Македонија сериозно пропаѓа со месеци, а во исто време ЕУ нема одговор на прашањата што се однесуваат на Балканот “, рече Мејер.

Според него, евентуалните промени на границите меѓу Албанија и Македонија би можеле да доведат до создавање на Голема Албанија, но тоа нема да има поддршка од САД.

“Сепак, важно е да се има предвид дека Вашингтон повеќе не е заинтересиран за Балканот. Администрацијата Трамп нема да реагира особено ако овие промени се постигнат мирно, како во случајот со независноста на Црна Гора”, додаде политичкиот аналитичар.

На прашањето каква судбина ја чека Македонија, тој вели: “Ако Црна Гора и Косово можеа да останат независни, и Македонија ќе може да го направи тоа. Но, можеби тоа нема да биде најдобриот начин да се справиме со Македонија. Во овој случај, на маса ќе се најде федералната унија на Македонија со Србија “.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This