Поранешна олимписка шампионка пронајдена мртва!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешната олимписка шампионка во нордиско скијање, Вибек Скофтеруд, пронајдена е мртва на островот Сент Хелен на југот на Норвешка.

Таа исчезнала вечерта во саботата, а безживотното тело на двократната светска шампионка е пронајдено во текот на вчерашниот ден. Се претпоставува дека таа настрадала во несреќен случај при џет-скијање.

„Добивме неверојатно жална вест за смртта на нашата Вибек. Беше неверојатна натпреварувачка и одлична личност. Многу ќе ни недостасува“, напишаа од Норвешкиот Скијачки Сојуз.

Нејзината колешка, Марит Бјорген, со која пред осум години во Ванкувер на Зимските Олимписки Игри освои златен медал во штафета, исто така беше шокирана.

„Се тресам, шокирана сум и разочарана. Драга Вибек, си замина прерано“, напиша Бјорген.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This