Поранешна ракометарка на „Вардар“, Ања Алтхаус се омажи за скопјанецот Дино Балиќ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Познатата германска репрезентативка и поранешна ракометарка на „Вардар“, Ања Алтхаус неодамна се омажи со своето долгогодишно момче, скопјанецот Дино Балиќ, пренесува Репортер.

Таа конечно објави и фотографии од свадбата, на која носи едноствана венчаница со чипка и пресечени ракави. Венчалниот фустан го дизајнираше нејзината старосватица, познатата модна креаторка Јована Филиповиќ.

Дино пак беше облечен во елегантен костум. По склучувањето на граѓанскиот брак, била и свадбената веселба во еден скопски ресторан. Ања и Дино беа во врска повеќе од две години. Уште лани нивните пријатели открија дека двојката размислува за брак. Додека Ања живееше во Скопје тие често можеа да се видат заедно во познатите скопски кафулиња и кафеани.

Ракометарката неодамна ѝ стави крај на својата кариера и сега е спортски амбасадор. Дино, пак, и порано го пишуваа медиумите, затоа што беше во врска со поп-пејачката Каролина Гочева и со некогашната водителка и лотодевојка Натали Грубовиќ.
Извор:read2enjoy.com

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This