ПОРАНЕШНИОТ АМБАСАДОР ВО ОБСЕ ЗА ИЗБОРИТЕ: Локалните избори беа криминални во координација со власта – пресудите од Диво Насеље се намерно изречени по завршување на изборите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Искусен дипломат и кулумнист, Арсим Зеколи, во интервју во емисијата „Отворено Студио“ на телевизија Шења, рече дека пресудите за случајот „Диво Насење“ намерно се донесени три дена после криминалните локални избори, со цел да се дефокусира јавноста од криминалот кој што се случи, под диктат на сојузништвото на полицијата и мафијата.

-За жал, толку се повторуваат овие состојби кај нас што станаа нормални, ова послужи колку толку да се избегне ударот кон ДУИ туку и да се дефокусира јавноста од еден криминал кој се случи три дена пред тоа, а тоа се нелегитимни, криминални избори кои беа диктирани од сојузништвото помеѓу полицијата и мафијата, рече Арсим Зеколи, поранешен амбасадор во ОБСЕ.

Меѓу друдото, тој исто така потенцираше дека тоа не се само негови зборови, туку дека и министер во владата на Заев, кажал дека бил под постојан притисок на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, Заев, под притисок исто така и на мафијашите и криминалците.

-Ова не се само мои зборови, туку и на министер во владата на Република Македонија, ова е и негов исказ, дека бил под притисок на Оливер Спасовски, Заев, под притисок на мафијашите и на криминалците, рече Зеколи.

Тој исто така изрази загриженост поради нереагирањето на претставниците на САД и ЕУ.

-Бидејќи не гледам никавка реакција од претставниците на ЕУ и САД, ако молчат значи дека се согласуваат со тоа.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This