ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА КАБИНЕТ НА ФИЛИПЧЕ: Си занимав затоа што имам принципи, со матен тендер од 35 милиони евра може да се врати пола долг во здравството

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дејан Блажевски кој е сега веќе е поранешен шеф на кабинет на министерот за здравство сведочи за неправилнсостите и хаосот кој е во здравството. Како и за тоа дека со 35 милиони евра колку што изнесуваше тендерот за реагенси кој инаку се додели на фирма која е формирана само неколку месеци на човек близок до власта, може да се врати половина долг во здравството.


Тој во својот фб статус вели дека жали што од министерството за здравство се брани неодбранливото.

-…„Здравјето на луѓето е најважно!“ – реченица која може да Ве чини. Сум затворил многу врати зад себе. Многу ретко заради себе, повеќе поради принципите. Кога ја затворив последната, пред да излезам погледнав низ прозорецот. „Надвор ми е слободата“ – си реков. Кој сум јас да си играм Бог. И да, воопшто не е лесно…
Што со чувството со сомнеж во резултатите од анализата на крв од моето дете, од детето на моите пријатели, од детето на непознаниците? Резултатите може да варираат поради несоодветен транспорт, поради факторот време, поради неоснованоста на идејата?!
Вчера ја пренесував сопствената крв, требаше да ми се измери вкупниот калциум поради некои здравствени проблеми. На само стотина метри, лаборантот ме советуваше да бидам посебно внимателен и да не ја „тресам”. Кои се тие математички и темелни пресметки кога сте заборавиле да ги вклучите и другите параметри во пресметката? Жал ми е што имате несовест да го браните неодбранливото… , вели Блажевски.
Тој потсетува дека сите мора да се водат од Хипократовата заклетва и дека човечкиот живот не е урбанистички план.
-Човечкиот живот не е урбанистички план. Доколку сакате пак стручно, како спојувате стока и услуга во иста набавка?! Со 35 милиони евра може да се врати половина од вкупниот долг на здравството… пишува Блажевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This