April 25, 2024, 10:57 am

ПОРАНЕШНИТЕ ЧЛЕНОВИ НА ДРЖАВНА ЗА ДОМА СИ ГИ ЗЕЛЕ СЛУЖБЕНИТЕ ЛАП-ТОПОВИ, ТАБЛЕТИ, МОБИЛНИ И НЕ ГИ ВРАЌААТ НАЗАД НА ИЗБОРНАТА КОМИСИЈА

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Службените лап-топови, таблети, мобилни телефони и сим картички, се уште се во сопственост на поранешните членови на ДИК, иако веќе девет месеци не се на функција.

Од Комисијата велат дека, најмногу се вратени таблетите, кои и онака не им користат многу. Дел од апаратите се и оштетени.

Новиот состав користи приватни компјутери и телефони, во исчекување, нивните поранешни колеги да го вратат задолженото.

Ароганција и недостаток од морал што треба да се санкционира, а не да се награди со мрсна апанажа.

Вака изборните набљудувачи ја коментираат постапката на дел од членовите на поранешниот состав на ДИК, кои и по девет месеци од оставките, не ги вратија лап топ-овите, таблетите и мобилните телефони, со кои биле задолжени, јавува Телма.

Поранешниот состав на ДИК си поднесе колективна оставка во декември минатата година, откако јавноста дозна за високите бонуси што си ги поделиле зад затворени врати после локалните избори.

Речиси сите, после оставките побараа и добија апанажа, односно паричен надоместок во висина на платата во траење од една година.

Дерала вели дека, ова за жал не е единствен пример, јавните добра да се присвојуваат и приграбуваат, а јавноста арогантно да се игнорира.

Но, потенцира дека, се додека ваквите постапки не се санкционираат, праксата ќе се повторува.

Телма вчера објави дека, службените лап-топови, таблети, мобилни телефони и сим картички, се уште се во сопственост на дел од поранешните членови на ДИК.

Единствените кои вратиле се, се поранешниот претседател Александар Чичаковски и потпретседателот Игор Милев, пишува Телма.

Дел од нив вратиле само по нешто, а петмина ги задржале сите електронски апарати кои им биле доделени на привремено користење.

Најмногу се вратени таблетите, кои и онака не им користат многу, а дел од апаратите се и оштетени.

Новиот состав користи приватни компјутери и телефони, во исчекување, нивните поранешни колеги да го вратат задолженото.

Опремата на членовите на ДИК, им следува по закон, со тоа што се должни, се` што задолжиле на реверс, да биде вратено, за да можат новите членови да го користат.

Но, иако вчера ни беше ветено дека ќе ни биде дадена на увид листата на електронска опрема со која биле задолжени екс членовите, како и списокот на тоа, кој што вратил, а што задржал, од Комисијата денеска се предомислија, пишува Телма.

Побараа официјално барање по законот за пристап до информации од јавен карактер, што денеска им беше испратено.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This