Администрацијата на американскиот претседател ја демантираше информацијата дека Доналд Трамп и дал гаранција на Јулија Тимошенко дека ќе ја поддржи Украина, пренесува Вашингтон Пост.
Американскиот претседател и поранешната премиерка на Украина се сретнале на ,,Молитвениот појадок“ во хотел Хилтон во Вашингтон.
Украинските, а и светските медиуми брзо ја пренесоа изјавата на наводен сведок кој тврдеше дека Трамп и ветил на Тимошенко дека ќе го поддржи Киев и наводно дека САД нема да ги укине санкциите кон Русија.
“Председателот и поранешната премиерка на Украина накратко се сретнаа во текот на фотографирањето на приемот за молитвениот појадок. Меѓутоа , не се дадени никакви официјални гаранции бидејќи поранешната премиерка не е пандан на претседателот“, се наведува во соопштението на американската администрација.
Украинските медиуми тврдеа дека Трамп и Тимошенко разговарале дваесет минути.