ПОРОШЕНКО НАЈАВИ СТАРТ НА ВОЈНАТА ВО ДОНБАС: Украинскиот претседател најви почеток на воените операции во Донбас

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Украинскиот претседател Петро Порошенко рече дека “антитерористичката операција” во Донбас е завршена и заменета со “Операцијата на Обединетите сили”.

Парламентот на Украина на 18 јануари го усвои Законот за реинтеграција на Донбас, а Порошенко им нареди на безбедносните сили да подготват предлози за замена на форматите на операцијата во регионот.

“Ние го менуваме форматот на оваа операција, раководството сега е во рацете на вооружените сили на Украина”, рече Порошенко на прес-конференцијата.

Порошенко додаде дека го назначил генерал-полковник Сергеј Наев за командант на Обединетите сили во Донбас.

Шефот на државата рече дека тој поставил задача пред командантот да ги засили вооружените сили, така што “не само што можат да се одбранат, туку и ќе можат да ги ослободат окупираните територии”. Тој, сепак, рече дека приоритет е политичко-дипломатскиот начин на решавање на конфликтот.

Наев беше назначен за заменик-началник на Генералштабот на вооружените сили на Украина на 7 март. Пред тоа, тој работел како началник на Генералштабот и прв заменик-командант на копнените сили.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This