ПОСВЕТЕНО НА ЕМИЛИЈА ДИНЕВА: Го подари своето срце, за друг да живее, а таа премина во вечноста

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Посветено на Емилија Динева, која го подари своето срце, за друг да живее, а таа премина во вечноста. Ваквите ЛУЃЕ се: желбата, надежта, светлината… од таквите, како Емилија, кои се реткост, животов тука, среде пekолов земски, добива надеж и смисла.

Врз облаци зачекори,
на меко и чисто да газиш,
тука долу тиња е,
загнасено и матно.

Таму горе,
до сонцето поблиску ќе бидеш,
ќе те гали и грее,
и патот светол секогаш ќе ти биде.

А кога сонцето ќе зајде,
не грижи се,
месечината ќе те чува,
ќе те гушка и гали,
како мајка што најнежно
на чедо свое тоа го прави.

И верувам,
таму горе над облаците,
кај сонцето и месечината,
помеѓу ѕвездите,
таму каде и ти сега си ѕвезда сјајна,
таму е поубаво и почисто,
безгрижно и бајковито,
оти злото не знае да лета,
а и да знае, од Бога се плаши
и горе не би отишло,
тоа тука на дното се гуши,
и тука долу сонот го руши.

Таму горе

#зборовиМаркоВиденовиќ
#zboroviMarkoVidenovic

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This