ПОСЕБЕН СУД ЗА ПРЕДМЕТИТЕ НА КАТИЦА: Европратеникот испорача нови услови како алиби за бегство од избори!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Европратеникот Ричард Ховит кој деновиве е во проштална посета на Македонија, изјави дека нема причина изборите закажани за 11 декември да се одложат и дека од клучно значење е Специјалното јавно обвинителство да ја заврши својата работа со расчистување на криминалите од прислушуваните разговори.

ricard_hovit

Британскиот европратеник Ховит ја посетил и обвинителката Катица Јанева, а на „Твитер“ напиша дека бил во просторијата со силно обезбедување во која се чуваат материјалите од прислушувањата. Тој смета дека сериозно треба да се разгледа предлогот за формирање на специјално одделение во Кривичниот суд за овие случаи, како и итно да се донесат законските измени за заштитени сведоци.

Ховит бил разочаран од можноста Уставниот суд да го укине СЈО, како и од политичката клима во која работи.

– Парламентарците имаат право да критикуваат, тие ја имаат таа слобода, тоа е дел од демократијата. Одговорност е на Владата и на владејачката партија да ги исполнат своите заложби од Договорот од Пржино и да ја поддржат работата на СЈО. Владејачката партија не смее да им дозволи на своите претставници да ја загрозуваат работата на СЈО- изјави Ховит.

Британскиот европратеник беше гостин на Конгресот на СДСМ. Тој рече дека не сугерира за кого да гласаат граѓаните, но најважно е да имаат избор и не гледа причина да се одложат.

Поранешниот известувач за Македонија во Европскиот парламент и посредник во Договорот од Пржино, очекува уште еден извештај на Европската Комисија за Макеоднија во ноември со условена препорака.

12 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This