Посебно значење: Знаете ли зошто токму црвената и зелената боја се божиќни бои?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Продавниците се веќе полни со божиќни украси, а боите кои без сомнеж преовладуваат се црвената и зелената боја. Но, дали некогаш сте се запрашале зошто токму овие две бои се синоним за Божиќ?

Украсувањето за време на божиќните празници има посебно значење, а еве што симболизираат боите со кои се украсува:

Зелена

Елката веќе илјадници години се користи за украсување по повод Божиќ. Годишното доба асоцира на студено, тмурно и темно годишно време, па токму затоа зимзелените растенија се користат за декорација: како потсетник дека зимата нема да трае вечно.

Црвена

Бојата на божиќните панделки, црвената боја ја претставува крвта на Исус бидејќи тој се жртвувал за луѓето и умрел распнат на крстот. За Христијаните, црвената боја е посебен потсетник на она што нивниот спасител направил за нив.

Другите бои кои често се користат во божиќните декорации се златната, белата и сината боја. Златната боја ја симболизира витлеемската ѕвезда кои тројцата кралеви ја следеле на патот до Витлеем. Белата боја симболизира мир и чистота, додека сината боја е симбол на Дева Марија, а се толкува и како синоним за небото и рајот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This