ПОСКАПУВААТ ЦИГАРИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА:Една кутија ќе чини и до 300 денари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нова тура поскапување на цигарите во Македонија. Од минатата недела, во продавниците поголемиот број брендови цигари се продаваат за околу 5 денари поскапо.

Граѓаните велат дека поскапо плаќаат за брендовите Вест, Родео и Бос.

Се уште нема информации за поскапување на други брендови на цигари.

Согласно планот за зголемување на акцизите, за неколку години се очекува кутија цигари за чини скоро 300 денари.

Како за потсетување, и регулаторната комисија за енергетика ги поскапи нафтените деривати, односно тие се зголемија во просек за 2,24%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемија за 2,00 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 18.02.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 64,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 66,50 ден/лит.

Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемија за 1,00 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 18.02.2019 година и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 61,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 49,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголеми за 0,619 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 18.02.2019 година и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 32,847 ден/кг

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This