Поскaпуваат горивата: Рeгулаторна ги соопшти новите цени на нафтените деривати

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Регулаторна комисија за енергетика денес ги соопшти новите цени на горивата кои ќе стапат од полноќ.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 68,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 70,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 ден/лит и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 61,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 50,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,388 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 18.11.2019 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 32,957 ден/кг.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This