ПОСЛЕДЕН ОБИД ДА СЕ СПРЕЧИ ТРГОВСКА ВОЈНА: Српскиот министер доаѓа во Скопје да спречи воведување на контрамерки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сакам да верувам дека можеме да се договориме. Ние сме спремни за воведување контрамерки уште утре, но сакаме уште еднаш да дадеме шанса на преговорите, бидејќи од контрамерките, објективно, штета имаме сите, а посебно економијата на двете земји, увозниците и извозниците, вели српскиот минитер Расим Љајиќ за срспки Спутник

Властите во Македонија пред две недели одлучија брашното од Србија да се увезува без акцизни маркици, кои ќе мора да се добијат во Македонија по фиторсанитарните прегледи, што, како што тврдат извозниците, може да трае и до месец дена. Поради тоа, извосниците на брашно од Србија би губеле околу 200.000 евра, кои потоа ќе ги компензираат со повисока цена на брашното, а крајниот купувач ќе биде најоштетен.

Иако најави дека ќе воведе контрамерки, српскиот министер за трговија Расим Љајиќ вели дека утре ќе допатува во Македонија за да направи се за решавање на кризата со извозот на брашно.

Љајиќ открива дека во Скопје ќе донесе предлог договор кој ќе ја предложи на македонската страна.

„Сеуште немаме решение, но имам чувство дека ќе се приближиме“.

Ако не дојде до договор во Македонија, Србија ќе мора да спроведе контрамерки, со што двете земји, досега традиционални трговски партнери, ќе влезат во трговска војна.

Србија во Македонија годишно извезува помеѓу 40 и 50 илјади тони брашно, што е петина од вкупниот извоз на земјата. Во случај на трговска војна, најголема штета би имале граѓаните на Македонија поради зголемувањето на цената на брашното што ќе повлече поскапување на основните прехрамбени продукти.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This