ПОСЛЕДЕН ЧЕКОР ОД БРЕГЗИТ: Европскиот парламент денеска гласа за излез на Велика Британија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Европскиот парламент денеска треба да го одобри договорот за излез на Велика Британија, а земјата официјално ќе стане трета страна за ЕУ на полноќ на 31 јануари.

Гласањето на пленарната сесија во Европскиот парламент во Брисел е последниот чекор пред брегзитот. Станува збор за церемонијално гласање кое во Брисел се квалификува како историско.

Гласањето за излезот на првата земја од ЕУ е закажано за 18 часот, а на истото ќе му претходи дебата на европските пратеници за договорот за брегзит.

Европскиот парламент за 1 февруари, планира и церемонија за спуштање на знамето на Велика Британија, кое заедно со знамињата на другите земји членки се наоѓа пред седиштето на парламентот во Брисел.

Британското знаме ќе биде вклучено во колекцијата на Музејот на европската историја, сместен во близина на Европскиот парламент во Брисел.

Заминувањето на Велика Британија од ЕУ ќе го промени составот и бројот на Европскиот парламент, кој ќе падне од 751 на 705 пратеници.

Со заминувањето на 73 британски пратеници, 27 места ќе пополнат пратеници од 14 други земји членки, додека останатите 46 места ќе почекаат на претставници од идните можни земји членки.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This