ПОСЛЕДНА ОПОМЕНА ДО ЉУПЧЕ: Земјоделците ќе ги блокираат патиштата доколку нивните барања не се исполнат!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Земјоделците од Свети Николе се незадоволни од работењето на Министерството за земјоделство и велат дека министерот Лупчи Николовски ги игнорира. На денешниот мирен протест најавија дека доколку 22 овој месец не им се исполнат барањата, ќе ги блокираат патиштата низ целиот Исток.

-Со овој револт сакаме да го опоменеме Министерството за земјоделие бидејќи ние имаме некои наши барања пред месец и нешто дена, а досега никако да добиеме одговор. Отидовме таму, министерот имал меѓународни средби, дојде на пет минути и си отиде. Засегнати сме од суша, мразови и ред други работи, велат земјоделците.

Од Министерството бараат ослободување од плаќање на концесијата за земјиштето поради елементарните непогоди, бараат дополна на цената бидејќи жетвата е завршена, а тие не ја знаат цената.

-Бараме да ни дадат по 9.500 денари по хектор, плус субвенциите. Само во Светиниколската општина се пуштени само 15 отсто, и тоа не целосно пуштени. Книговодството ни е покачено на 50 евра, а претходно беше на 100 денари месечно. Од 100 денари сега отиде на 3.000, тоа го нема никаде, велат незадоволните земјоделци.

 

Земјоделецот Љубе Анастасов вели дека жетвата заврши и прашува како тие ќе почнат со ново сеење, додавајќи дека веќе не можат да истрпат.

-Ветуваме дека од 21 доколку не ни дадат одговор или да пратат некој од Кабинетот на министерот, бараме и министерот да дојде. Ние настапуваме со други мерки, со тракторите ќе се блокира цела Македонија, цело Овчеполе, Куманово, истакна Анастасов.

 

Земјоделците велат дека им се брза зашто субвенциите требаше да бидат исплатени до 30 јуни, а концесијата тие треба да ја платата до 30 јули.

Во врска со новата наплата на книговодителските услуги, појаснуваат дека отсега ќе треба да плаќаат по 12 отсто од приходите само за овие услуги. Потенцираат дека е срамно да плаќаат 10 отсто за персонален данок, а 12 проценти за книговодителите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This