ПОСЛЕДНИОТ ГОЛЕМ ПРИТИСОК ВРЗ МАКЕДОНИЈА: Посетата на Обама во Грција ќе биде последниот обид Македонија насилно да биде втурната во НАТО!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вашингтн и Брисел долго време беа во несогласување во врска со блиските релации на Грција со Русија, анализира тинк-тенк организацијата Милитаире, и смета дека посетата на претседателот на САД Барак Обама на Грција ќе биде со цел да се побара од Ципрас да стави забрана за Руските воени бродови да влегуваат во грчките пристаништа, и за воведување на санкциите кон Русија

mornarica_grcija

Обама во Европа треба биде во Европа од 15-18 овој месец. Неговата турнеја ќе започне со Грција.

Милитаире, тинк-тенк организација која се занимава со политика и воени теми, истакнува дека агендата на Обама ќе се однесува на три клучни теми, вклучително анти-Руските сакнции, Руските бродови во Грчките пристаништа и членството на Македонија во НАТО.

Авторите Лук Кофи и Даниел Кочис, сметаат дека Атина не е „синхронизирана со остатокот од Европа“ поради нејзините блиски врски со Москва. Тие го повикаа Обама да изврши „притисок врз Грција за обновување на санкциите“, бидејќи според нив тоа „е вистинскиот чекор“. Европскаа Унија постојано го следи чекорот на Вашингтон во врска со рестрикциите кои се однесуваат на Русија, користејќи ја Украинската криза како алиби, и покрај фактот што Русјиа воопшто не беше инволирана во граѓанската војна таму.

Дополнително, Обама, според Кофи и Кочис, треба да биде „кристално јасен дека Грчката поддршка за Руската морнарица е недозволилво за сојузник на НАТО“. Тој исто така вели дека претседателот на САД „треба да ја охрабри Атина да го следи примерот на Шпанија и да забрани посета на Руската морнарица“.

aleksandar_eftov[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]- Посетата на Барак Обама на Европа е дел од традицијата на претседателот во заминување во САД. Оваа Европска турнеја Обама ќе ја искористи да изврши последен притисок врз европските лидери за конечно затварање на стратегијата за надворешна политика која досега ја водеа демократите. За САД, Македонија е недовршена работа по однос на членството на Македонија во НАТО. Воениот блок нема да добие голема придобивка од членството на Македонија во однос на воена моќ, но членството на Македонија во НАТО ќе значи и спуштање на рампата за геостратешките интереси на Русија во спроведувањето на доктрината за мултиполарност врз која почива Руската надворешна политика. Членството на Македонија во НАТО, дополнително ќе го отежни и спроведувањето на витални проекти од особен интерес за Македонија како што се „Турскиот тек“ и транспортното поврзување на Евроазија чиј покровител е Кина. – смета Александар Митовски, аналитичар во Центарот за Истражување и Анализа.[/kopa_block_quote]

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This