ПОСЛЕДНИ ОБИДИ ДА СЕ ДОБИЕ ДАТУМ: Oсмани утре на средба со Могерини во Брисел

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи утре ќе престојува во Брисел каде ќе се сретне со високата претставничка за надворешни работи и безбеднocна политика на Европската Унија и потпретседателката на Европската комисија, Федерика Могерини.

Средбата, како што информира Секретаријатот за европски прашања, ќе биде искористена за да се реафирмира подготвеноста на земјава за напредок во европските интеграции во пресрет на Самитот на ЕУ во октомври.

Во рамки на посетата, Османи ќе оствари средба и со државната секретарка за европски прашања и претставничка на Хрватска во ЕУ, Андреја Метелко-Згомбич, како и со директорката за Западен Балкан во рамки на Генералниот директорат за соседство и проширување во Европска Унија – ДГ НЕАР, Геновева Руиз Калавера.

Работната посета на Брисел е дел од турнејата на вицепремиерот Османи за посета на метрополите на земјите членки на ЕУ. По Брисел, следат посетите на Берлин и Варшава кон крајот на неделата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This