ПОСЛЕ ДВЕ И ПОЛ ГОДИНИ ВЛАДAТА МОЖЕ ДА СЕ ПОФАЛИ СО ПУСТOШ: Земјоделците поминуваат низ голготa, власта глува на нивните барања

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Фрлање на зелка во струмичко, сeчења на јаболката во ресенско, фрлање на праска во росоманско, пиперка на буништата во Кривогаштани, протест на оризарите во кочанско и лозарите во Тиквешијата, ова е само дел од она што се случува изминатите години откако Владата на СДСМ и премиерот Зоран Заев се на власт.

 

 

Земјоделците поминуваат низ голгота секоја година откако власта остана глyва на нивните барања и наместо своите производи да ги продаваат и да заработат, принудени се да ги фрлаат на буниште.

 

На земјоделците од струмичко им било ветено дека зелката ќе се откупува за 17 до 20 денари, но цената по која се откупуваше зелката беше само 8 денари по килограм, на што производителите од струмичко чекајќи ја исплатата дури и за толку ниска цена останаа без пари. Како знак на револт и аларм до институциите беа принудени својот труд да го фрлаат.

 

 

Ништо по различно не беше ниту со производителите на јаболко во Ресен и ресенско, каде што еден килограм индустриско јаболко се продаваше дури по цена од половина до еден денар, што е понижување на трудот и маката на јаболкарите. Имаше и такви кои револтирани од понижувачкиот однос на власт ги сечеа своите насади.

 

 

Граѓаните на Росоман, едни од најголемите производители на праски во Македонија беа принудени праските да ги фрлаат и оставаат да скапуваат бидејќи нема откуп, на видеото објавено во медиумите еден од производителите на праска вели дека ги фрла праските бидејќи тоа е лекот за да не се нервира човек.

 

Оризопроизводителите од Кочанско, како и лозарите од Тиквешијата во септември излегоа на протести, блокирајќи ги регионалниот пат Штип – Кочани, како и Градско –Прилеп.

 

 

Оризопроизводителите бараат да се утврди и производната и откупната цена пред старот на жетвата што започнува за две недели. Нивните пресметки говорат дека производството на килограм оризова арпа ги чини 17 денари, па бараат откупната цена да не биде под 25, додека пак лозарите револтирани од ниската откупна цена на грозјето го изразија својот револт со двочасовна блокада на патот.

 

 

Иако премиерот Зоран Заев и тогашниот министер за земјоделие Љупчо Николовски ветуваа дека главен приоритет на владата на СДСМ ќе бидат земјоделците, по се изгледа дека тоа не е така и е само уште едно лажно ветување во низата на ветени а неостварени мерки и проекти за земјоделците.

Поради ваквата ситуација во земјоделието предизвика директно од владата на СДСМ и премиерот Заев, земјоделците во сабота на 26 октомври пред Влада ќе одржат протест искажувајќи револт поради лошите политики и негрижата врз нив.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This