Посна погача со лук и ореви, повкусна не може да биде

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Посна погача со лук и ореви, повкусна не може да биде
Потребни состојки: 400 г брашно (300 бело + 100 интегрално) + за поросување и месење, 50 мл маслиново масло + за премачкување, ½ лажичка шеќер, 20 г свеж квасец или 1 кесичка сув квасец, 200 мл вода (50 мл обична + 150 мл газирана)

За фил: 3 главици кромид, 2-3 чешниња лук (или во прав), по желба. По потреба масло за динстање, 200 г сечкани ореви (150 г + 50 г), сол, црн пипер, црвен пипер, по вкус

Постапка: на малку масло пропржете го сечканиот кромид, па додадете и сечкано лукче и посолете по вкус. Готовиот кромид тргнете го на страна, додајте 150 г сечкани ореви, зачинете со црн и црвен пипер. Преостанатиот орев тргнете го на страна.Во 50 мл млака вода растопете го квасецот и шеќерот, па оставете да запени. Во сад за мешање ставете брашно (ако најдете најубава комбинација е со интегрална спелта), посолете по вкус, додајте масло и активираниот квасец, па со додавање на кисела вода замесете тесто.

Оставете да отстои околу 15-тина минути, а потоа премесете го и поделете го на три дела. Првиот дел од тестото развлечете го со оклагија, премачкајте ја целата површина со масло и наросете со половина од преостанатите сечкани ореви (25 г).
Развлечете го вториот дел од тестото, префрлете го преку првото, па и него премачкајте го со масло и наросете со ореви. Развлечете го и третиот дел, префрлете го преку вториот, па сето убаво премесете и формирајте валјак. Поделете го на три дела.

Тркалезна тепсија (26/28 см) намастете ја со масло и наросете со брашно. Со оклагија развлечете го првиот дел од тестото со величина на плехот, па внимателно пренесете го во плехот и врз него распоредете половина од филот со кромид и ореви. Прекријте со втора кора, па преку неа наредете го вториот дел од филот.

На крај, сето прекријте го со третиот дел од тестото, спојте ги ивиците и одозгора погачата премачкајте ја со масло. Печете ја во загреана рерна на 200 степени околу 45-50 степени. Испечената топла погача веднаш по вадењето повторно премачкајте ја со масло.

Погачата малку нека излади, па сечете ја на убави парчиња и послужете. Се јаде истиот ден кога ќе се направи, многу е вкусна, но за следниот ден веќе станува малку сува. Можете да ја приготвите и како сеченица, но наместо фил од сирење, ставете го филот од лук и ореви, превкусна е.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This