ПОСТАВЕНИ ШАТОРИ ПРЕД ВЛАДА: Вработените во Еурокомпозит поставија шатори пред владата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вработените од Еурокомпозит Прилеп повторно со генерален штрајк пред Владата. Ги поставија шаторите и велат дека овој пат нема да ги расклопат сè додека нивниот проблем не се реши во целост.

Веќе со години не им се платени придонеси, а добиваат само по 5.000 или 6.000 денари како надомест, но и тоа е нередовно.

-Што е проблемот.. 6 години без придонеси и 17 заостанати плати и барања доставени пред 2 недели до сите но не ги контактирале

Вработените неколку пати до сега добиле ветувања од Владата за крај на нивните проблеми, но работите никако да се поместат од мртвата точка. Дел од нив денеска ги блокираа и улиците во Прилеп.

Премиерот, кој денеска е во работна посета на Прилеп, на новинарско прашање одговори дека случајот со Еурокомпозит уште еднаш ќе биде разгледан на денешната владина седница.

Фабриката за производство за воена и полициска опрема е акционерско друштво со 100% државна сопственост.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This