ПОСТИГНАТА Е СОГЛАСНОСТ: Oдлoжeн најавениот пpeкин за реемитување на домашни и странски ТВ канали

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Оливер Спасовски, придружуван од министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, се сретна со претставници на сите оператори обединети во Здружението на информатичко-комуникациски технологии, при што е постигната согласност да се одложи најавениот пpeкин на реемитување на домашните и странските телевизиски канали.

Како што наведуваат во соопштението од владината прес служба, ова е постигнато со оглед на можностите што се гледаат за скорешно изнаоѓање решение.

– На средбата е разговарано за сите аспекти на и што произлегуваат од измените на Зaкoнoт за аудио и аудивизулени и медиумски услуги, стои во соопштението.

Констатирано е дека постојат можности да се дојде до заедничко решение во скоро време, како и свесност од сите страни за решавање на прашањето, согласно интересот на државата и на граѓаните. Пpeкинoт на реемитувањето на сите домашни и странски ТВ канали беше најавен за 2 март на полноќ, со исклучок на каналите на јавниот сервис МТВ1, МТВ2 и собранискиот канал.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This