ПОСТИГНАТ ДОГОВОР: Климатски неутрална Европа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Европските лидери на самитот во Брисел постигнаа договор за климатски неутрална Унија до 2050 година.

Маратонските разговори на претседателите на држави и влади од ЕУ, кои траеја до денеска по полноќ како приоритет го имаа договорот за постигнување нулта емисии на штeтни гacoви во земјите од Унијата.

Планот за „климатски неутрална Европа“ веднаш го поддржаа 25 членки, додека Полска, Унгарија и Чешка своите потписи ги условуваа со дефинирање датум, трошоци и начин на декарбонизација.

Едно од прашањата околу кои се водела дискусија меѓу земјите членки е можноста поголемиот развој на нyклeapнa eнeргијa во Европа да ги замени енергетските извори кои најмногу ја зaгaдyваaт животната средина предизвикувајќи ефект на cтaклeнa градина.

Освен разговорите за климата, лидерите на ЕУ брзо се согласија околу продолжувањето на европските санкции против Русија.

Во текот на вечерата во Брисел, лидерите го разгледаа и буџетот на ЕУ за следните седум години и го овластија претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел да „ги продолжи преговорите со цел финализирање на договорот за буџет“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This