April 20, 2024, 12:45 am

ПОСТОИ ЛИ ЖИВОТ ПО СМРТТА: Зошто покојниците ни се јавуваат во сон?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вакви соништа имаат значајно влијание на ожалостените. Многумина признаваат дека токму соновите во кои се сретнуваат со покојниците им помагаат успешно да поминат преку процесот на жалење и да го продолжат нормалното живеење. Иако веќе не се со нас, саканите луѓе кои починале никогаш не нѐ напуштаат. Многу луѓе зборуваат за тоа како ги посетуваат во соништата, кои знаат да бидат многу реалистични и живописни

„Татко ми и мајка ми умреа пред повеќе од десет години, во период од една година. Отприлика, шест месеци по секоја смрт имав по еден многу живописен сон со секој од нив, или дури и со двајцата. И тоа не беше обичен сон, чувството беше сосема друго“, вели др. Патрик Мекнамара.

  • Покојникот се појавува како што бил и во животот, но некако помлад и здрав
  • Покојникот пренесува порака со охрабрување на оној кој ги сонува, како „Во ред сум и сеуште сум со тебе“.
  • Пораките на покојникот пристигнуваат повеќе телепатски отколку психички или вербално.
  • Сонот е пред се нормален и реалистичен отколку бизарен, какви што знаат соништата обично да бидат.
  • Соновите се интензивни, као покојникот навистина да дошол во посета, а оној кој сонува и се сеќава на сонот кога ќе се пробуди.
  • Сонот влијае силно на човекот, некои дури и ги променува.
  • По секој таков сон следи спознавање на тоа што е исправно, а што погрешно, или период на жалење и ширење на духовноста.

„За традиционалните народи, кои давале еднаква или дури и онтолошка тежина на соништата во споредба со реалноста, соништата со средби со покојните ја се уверлив доказ дека постои духовен свет и живот по смртта“, објаснува Мекнамара.

Додава и дека во денешното модерно општество ваквите соништа имаат значајно влијание на ожалостените. Многумина признаваат дека токму ваквите соништа со покојниците им помогнале успешно да го поминат процесот на жалење и да продолжат со нормален живот.

Постои низа причини зошто покојниците се јавуваат во соништата:

  • Сакаат опростување или да решат проблем кој го имале во текот на животот, а останал нерешен.
  • Им нудат смерници на оние кои останале позади нив, своја заштита или сакаат да ги предупредат за нешто.
  • Сакаат да ги утешат оние кои тагуваат за нив и да им кажат дека се е во ред со нив и дека сега се „на онаа страна“.
  • Имаат некоја порака за оној кој ги сонува.
  • Сакаат да им покажат на саканите дека има живот по смртта.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This