ПОСТОИ ОПАСНОСТ ЗА БОЈКОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ: Може да се случи да не се постигне цензусот од 40% за претседателски избори!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Постои ли опасност да не биде исполнет цензусот од 40 проценти излезност, односно повеќе 720 илјади гласачи, па да не успеат претседателските избори на пролет? На ова прашање претседателот на Државната изборна комисија Оливер Деркоски, во емисијата „Отворено на Алфа“ одговори потврдно.

-После максимумот на последните парламентарни, од околу 1 милион излезени гласачи, веќе на локалните избори бројот падна, па со оглед на политичките случувања, очекувањата не се оптимистични и можно е да биде тешко. Во следниот период партиите ќе треба да се ангажираат здраво за да ги убедат гласачите во нивните програми, смета Деркоски.
Во врска со гласањето на дијаспората, според Деркоски, постои еден организациски проблем пред се. На пример, во 2016 година над 600 илјади евра се потрошени за организирање на гласање надвор, се пријавиле околу 20 илјади луѓе во дијаспората, а гласаа само околу 8 илјади. Парите пак неповратно се потрошени.

– Мора да се најде софтверско решение со кое ќе се заштеди и ќе се олесни гласањето надвор, оти меѓу другото тие треба да патуваат и по илјада километри за да стигнат до гласачкото место и да гласаат.

Инаку според Деркоски најслабата алка во реализацијата на изборите се самите Избирачки одбори, заради што дополнително ДИК ќе реализира нови обуки.
-Ќе предложиме до законодавецот измени на Изборниот законик со кои ќе предложиме и обични граѓани да бидат дел од Избирачките одбори, нагласува претседателот на ДИК.
Тој смета дека треба да се задржи системот на непосредно бирање на претседателот на државата од граѓаните, а не да се смени системот со избор во Собрание, оти на тој начин шефот на државата ќе биде само уште една фигура избрана од македонските пратеници.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This