ПОСТОИ ПРОБЛЕМ ВО МАКЕДОНИЈА И БИХ: Балканот секогаш е сцена за почеток на големи војни, предупредува рускиот началник Коновалов

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во момент кога новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп предупредува дека НАТО е застарена опција, Алијансата би можела да го искористи заострувањето на ситуацијата на Косово за да го оправда своето постоење, се вели во емисијата „Вечер со Владимир Соловјов“ на телевизија „Русија“
NATO_Vojnici

Како што вели Соловјов, некогаш со куршум во Сараево започна првата светска војна, а се што се случуваше по Втората светска војна – беше причина за формирање на НАТО, кој имаше единствена цел да спречи нова војна во Европа.

„Но одеднаш изјавата на претседателот на Србија дека е спремен да испрати војска на Косово по инцидентот со возот покажува дека тоа е еден од најтешките замрзнати судири во Европа кој може да експлодира секој момент и тоа да доведе до големи нестабилности на Балканот. Токму од Балканот почнувале сите големи Европски војни. И што ќе направи Европа?“, прашува Соловјов.

Тој додава дека се сѐ слуува во момент кога изјавата на Трамп за застареноста на НАТО доведе до „хистерија како во европските претстолнини, така и во седиштето на НАТО“. Според него, доколку ситуацијата на Косово се заостри, повторно Русите ќе бидат виновни. Политикологот Сергеј Михејев оценува дека најновото заострување на Косово покажува колку е нестабилен моделот на наводното решение кое, според неговото мислење, на сила им е наметнато на бившите југословенски републики. „Сето тоа може да се разбие во момент. Нема смислено универзален рецепт за мир на Балканот. Нема никаков мир, тоа е насилна варијанта која преку колено ја смислија за Балканот и сето тоа може повторно да букне“, вели Михејев.

Иван Коновалов, началник на секторот за воена политика и економија на Рускиот институт за стратешко истражување, предупредува дека на Балканот постои проблем во БиХ и Македонија, но додава дека најсмешно е тоа што членка на НАТО е Албанија, која има најслаба војска и која не дели никакви европски вредности. Таа земја, според неговото мислење, е позадинската база на Косово и „се што се случува на Косово јасно се случува со поддршка на Албанија.“

Владимир Корнилов, директор на центарот за Евроазиски студии, од Хаг, предупредува дека токму заострувањето на ситуацијата на Косово би можела да биде искористена со цел на Трамп да му се докаже неопходноста од приуството на НАТО.

„На Косово има огромна база на НАТО, и ако таму дојде до голем конфлит, тоа ќе биде одговор на сомневањата н Трамп. Натовците долго бараа смисла за своео постоење па го искористија конфликтот во Србија за да ја продолжат својата агонија. Се плашам дека слични конфликти би можеле да бидат искористени во исти цели“, оценува Корнилов.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This