ПОТВРДЕНО, И ДИРЕКТОРОТ НА НЕВРОХИРУРГИЈА СЕ ЗАРАЗИЛ ОД МОРБИЛИ: Владимир Рендевски потврди дека и тој е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На Клиниката за неврохирургија од морбили се заразиле неколку вработени меѓу кои директорот. Поради сериозноста на болеста тој во моментот е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести. Дознаваме дека денеска бил вакциниран медицинскиот персонал бидејќи малите сипаници се шират бргу. Директорот Владимир Рендевски за НОВА ја потврди информацијата.

Веќе неколку дена сум на Клиниката за инфективни болести заради морбили и дури денес сум малку подобро. Не знам од кого е пренесена болеста. Кај нас на Клиниката доаѓаат пациенти од цела држава, но амбулантските случаи се најголем проблем бидејќи доаѓаат пациенти од цела држава и има голема фрекфенција. Денеска персоналот се вакцинираше за да се заштитат од морбили, изјави Рендевски, за НОВА.

На Клиниката за неврохирургија се лекуваат оперирани пациенти за кои малите сипаници можат да бидат фатални.

Дека морбилите се шират со голема брзина и во здравствените установи меѓу персоналот, НОВА објави пред две недели кога на Клиниката за неврологија се заразија докторка и болничарка, а на останатиот персонал им беше земена крв за анализа за да се утврдат антителата во крвта, за да се вакцинираат тие што ги немаат.

Од Институтот за јавно здравје, тогаш потврдија дека во епидемијата со мали сипаници регистрирани се вкупно 122 случаи кај медицинскиот персонал во здравствени институции.

И покрај епидемијата, односно вонредната состојба во државата забрана за масовни собири нема иако тоа е пропишано со законската регулатива. Надвор од контрола се собирите и митинзите,како игротеките кои се претворија во градинки каде родителите ги оставаат децата и тоа главно невакцинирани, на по неколку часа.

Морбилите одземаа уште еден детски живот. Според информации од Клиниката за детски болести, во текот на вчерашниот ден десет и пол месечното бебе кое повеќе од две недели беше на интензивна нега починало како последица од компликации од мали сипаници.

Ова е четврти смртен случај како последица од мали сипаници од почетокот на прогласувањето на епидемијата досега. Кај починатото дете претходно не биле регистрирани хронични заболувања и не било вакцинирано.

Морбилите не стивнуваат. Само во изминатата недела биле пријавени 113 сомнителни случаи од кои кај 110 се регистрирани мали сипаници. Од нив, 46 се во Скопје, а 64 се од другите градови.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This