ПОТВРДЕНО ,,РЕНДАЊЕТО“ НА БЕЈЛИ:Бејли моментно го испитуваат за мешањето во политичкиот процес во земјава

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американски законодавци моментно го испитуваат мешањето на една национална држава во политичкиот процес во друга земја.

dt.common.streams.StreamServer

Тоа не се однесува на истрагата на комитетите на Претставничкиот дом и на Сенатот за руското мешање во претседателските избори во САД, туку неколку републикански сенатори и конгресмени го испитуваат партнерството во Македонија меѓу Владата на САД и Фондацијата на Џорџ Сорос, пишува „Дејли колер“.

majk-li-dzes-bejli (1)

Законодавците испратија писма до американската Канцеларија за одговорност на владата, до државниот секретар, Рекс Тилерсон, и до амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли. Во писмото до Бејли испратено во јануари, републиканскиот сенатор на Јута, Мајк Ли, напиша: Имам добиено веродостојни извештаи, кои покажуваат дека во изминатите неколку години американската мисија во Македонија активно се меша во внатрешната политика на Македонија, во нејзините медиуми, како и во граѓанското општество, често фаворизирајќи една политичка партија на сметка на друга.

Во понеделникот Бејли го посети Вашингтон и се сретна со сенаторот Ли и неговиот персонал, изјави портпаролка од канцеларијата на Ли за „Дејли колер“. Од канцеларијата на Ли не кажа што се случувало за време на состанокот.

bejli-640x426-73964

Додека Ли во своето писмо од јануари наведе само „веродостојните извештаи“, тој и пет други републикански сенатори, вклучувајќи го сенаторот на Тексас, Тед Круз, и сенаторот на Џорџија, Дејвид Пердју, дадоа поконкретни детали во писмото што го испратија до Тилерсон во март. Таму тие пишуваат за директни грантови што УСАИД ѝ ги доделила на Соросовата фондација „Отворено општество“.

Иако голем дел од тврдењата за руското мешање во претседателските избори во САД се потпираат на наводни хакерски операции, спроведувањето на американската кампања во Македонија не се затскрива. УСАИД, која е одговорна за доделување странска помош, и официјално соработува со Фондацијата „Отворено општество“.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This