Потврден новиот кластер во Владата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Утринава до редакцијата на Инфомакс приситигнаа информации за случај на Ковид 19 во Владата на Република Македонија. Попладнево по неколку часа добивме и официјална потврда за случајот. Во одговорот од Владата потенцираат дека сите вработени кои имале непосреден контакт со заболениот вработен се во изолација.

-Владата на Република Македонија уште од самиот почеток на појавата на Коронавирусот Covid-19 во земјава ги презеде сите мерки за заштита на здравјето на вработените и за намалување на потенцијалните ризици во работењето.Поради утврден случај на вработен во Владата на Република Македонија, позитивен на Коронавирусот Covid-19, се преземени засилени мерки на заштита и превенција, со што работните процеси продолжуваат со редовна работа. Сите вработени во Владата на Република Македонија кои имале непосреден контакт со вработениот кој е позитивен на Covid-19 ќе бидат во самоизолација во наредните 15 дена, согласно воспоставената комуникација и добиени насоки од надлежните институции во Република Македонија. Владата на Република Македонија му посaкува брзо опоравување на вработениот и со нетрпение го очекува неговото враќање на работа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This