ПОТЕГ ЕДНАКОВ НА ВОЕН ЧИН: Америка планира потег без преседан против Северна Кореја

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп и нејзините клучни азиски сојузници се подготвуваат да ги прошират активностите за пресретнување на бродови за кои се сомневаат дека ги кршат санкциите против Северна Корја

Тој план би можел да вклучува разместување на сили на американската поморска стража која би ги запирала и претресувала пловилата во азиско-пацифичките води, јавува Ројтерс, повикувајќи се на високо позиционирани американски претставници.

Како што изјавиле неколку претставници за британската агенција, Вашингтон преговара со регионалните партнери, вклучувајќи ја Јапонија, Јужна Кореја, Австралија и Сингапур, за координирање на заострена акција која би можела да оди подалеку отколку било кога претходно во обид да се сузбие Пјонгјан со поморската трговија да обезбеди средства за својата нуклеарна програма.

Иако сомнителните продови и претходно беа пресретнувани, новата стратегија би ги проширила таквите операции, но не би вивела поморска блокада на Северна Кореја.

Пјонгјанг предупреди дека на блокадата гледаат како воен чин.

Таа американска иницијатива, која претходно не е најавена, покажува се поголема хаотичност на Вашингтон да го присили Пјонгјанг да влезе во преговори за напуштање на својата воена нуклеарна програма, наведува Ројтерс.

Американските претставници сметаат дека Северна Кореја само неколку месеци ја двојат од развој на нуклеарна ракета способна да ја погоди територијата на САД.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This