Поткупени 2000 лозари, родители од Гази Баба, пожарникари делеле дрва на социјални случаи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоиловски соопшти дека партијата поднела до ДКСК нови приговори за кршење и на Изборниот законик и на Законот за антикорупција и судир на интереси.

1. Спротивно на законите, во изборен период, на 4 април, при започната изборна кампања, Платежната агенција соопшти дека се исплатени 77 милиони денари – или над 1 милион и 250 илјади евра – на над 2.000 лозари. И за ова ресорниот министер се пофали преку медиумите. Во случајот употребени се државни пари за исплата на долг на приватни фирми – значи не станува збор за субвенции или за тековни исплати!

Ова е класично кршење на членот 8-А од Изборниот законик и членот 34 од Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси. Класичен случај на поткуп на земјоделци!

2. Поднесен е приговор повторно за информација од медиумите од 3 и 4 април, дека од 15 април започнува физичко обезбедување во училиштата на трошок на општината Гази Баба. Веста гласи дека по иницијатива на градоначалникот на Гази Баба родителите се ослободуваат од плаќање.

Повторно се работи за класично кршење на членот 8-А од Изборниот законик и членот 34 од Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси – односно, во предизборен период, по распишани избори, општината носи одлука за исплати од сопствени средства кои не се редовни.

3. Следува нов приговор, в.д. градоначалникот на Ново Село – каде има и вонредни локални избори – дава согласност за вработувања на 10 работници.

Ова е исто така спротивно на двата закони – членот 8А од Изборниот и членот 34 од Антикорупцискиот закон.

4. Општина Штип ги ангажирала пожарникарите да делат дрва на социјално загрозените лица од градот, и тоа оди во локалните медиуми!

Среде кампања донесена е противзаконска одлука, со кршење на двата закони, за донација каде што се гледа како поткуп на гласачи и во тоа се злоупотребени и Општината и „Македонија пат“ и „Македонски шуми“, но и Противпожарната единица на Општина Штип. Оваа донација, можело да се спроведе пред распишување на изборите или по завршување на изборите.

ВМРО-ДПМНЕ очекува Антикорупциската итно да преземе мерки и да ја санкционира акумулацијата на функции. Станува збор за повеќе лица кои извршуваат повеќе јавни овластувања, односно се дел и од управни и надзорни одбори, додека извршуваат функции како државни секретари, директорски функции, општински советници, или пак други функции. Тоа според членот 77 е судир на интереси, за што ДКСК мора да реагира и да извести, соопштуваат од партијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This