ПОТПИШАН ДОГОВОР: Росгвардија ги добива снајперските пушки „Точност“ и специјалното возило „Сурдинка“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Единиците на Росгвардија до крајот на годината ќе бидат опремени со новите снајперски пушки со голем дострел и екстремна прецизност „Точност“. Во план е и развој на специјален тип на извидувачко-инженериска машина „Сурдинка“ која нема пандан во светот. Нејзината експериментално-развојна фаза е ограничена за крајот на 2019 година, по што почнува нејзиното сериско производство и испорака.
Сите елементи поврзани со снајперската пушка „Точност“ (самата пушка, муницијата, системот за нишанење целниот систем) се усвоени во вооружувањето на ФСО на Русија и Росгвардија. Вчера беа склучени договорите и се започна со фазата на имплементација. Првите сериски испораки на овие пушки на специјалните единици на Росгвардија веќе почнаа.

Пушката е развиена врз основа на системот ОРСИС Т-5000. Во однос на основната верзија на оваа пушка, руските конструктори направија 210 технички подобрувања на самото оружје, од кои некои се сосема иновативни, така што со голема веројатност може да се каже дека овој систем нема конкуренција во светот. Оружјето ќе може да дејствува со два типа на муниција, со класично и панцирно зрно, и тоа во 2 калибра – .308 Винчестер и .338 Лапуа Магнум. Ефективниот дострел на оваа пушка се проценува на повеќе од 2 км.

Пристигнува и универзалната инженериско-извидувачка машина за специјални задачи „Сурдинка“
Исто така, Федералната служба на војската на националната гарда нарача изработка на инженериска машина-возило за специјални групи на извидувачи и деминери под името „Сурдинка“. Рокот за завршување на експериментално-конструкторската фаза е ограничен за крајот на 2019 година. Приближната количина на овие возила за потребите на Росгвардија е проценета на околу 60 примероци.

Возилото ќе има облик и димензии на оклопен автомобил, со специјално засилен под кој ќе може да издржи противтенковска мина. На него ќе бидат интегрирани уреди за противелектронска борба кои ќе блокираат далечинско активирање на минско-експлозивни средства. Екипажот ќе се состои од двајца војници и специјална група извидувачи и деминери (таа ќе се состои главно од четири инженерци и еден кинолог со специјално обучено куче).

Според началникот на Центарот за техничко обезбедување на единиците на Росгвардија потполковник Александар Коршков, во моментов интензивно се работи на развојот на комплетно ново борбено возило специјално конципирано за потребите на Росгвардија. Основата на ова возило ќе биде шасијата на автомобилот КамАЗ. Тоа ќе биде универзално и ќе може да ги извршува функциите за деминирање на теренот, како и за отстранување на пречките што е карактеристично за специјалните инженериски машини-гасеничари.

Извор

Раша Бејонд

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This