ПОТПИШУВАЊЕТО НА ДОГОВОРОТ Е ВЕЛЕПРЕДАВСТВО: Се додека Бугарите мислат дека Македонија е нивна, договорот е предавнички!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во вчерашната емисија  ”Од наш агол” на македонската   телевизија,претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров,на прашањето на новинарката што во основа претставува потпишувањето на договор за добрососедство со Република Македонија,Петров посочи   дека потпишувањето на  договорот за добрососедство е рамно   на велепредавство кон македонскиот народ.

-Софија сеуште се занимава со македонците и со Македонија. Се додека македонците за  Софија се бугари,а антимакедонизмот е државна доктрина на Бугарија,тогаш договорот за добрососедство со Софија  не е ништо друго освен велепредавство,рече Петров.

-Се додека Македонија за Софија е дел од Бугарија,се додека македонскиот јазик за Софија е дијалект на бугарскиот јазик,македонците за Софија се бугари.Се додека македонизмот е државна доктрина за Бугарија,договорот за добрососедство со Софија не не ништо друго освен велепредавство,анализираше Петров.

-Тој договор  и да биде потпишан никогаш нема да го прифатат македонците,засекогаш ќе биде  ништовен,а СДСМ доколку го потпише  ке биде дел од велепредавството кон Македонија и македонскиот народ  во целина,итакна Петров.

-Договор  е базиран како  договор  за градење на   доверба  за заеднички интерес помеѓу државите,но  се додека Софија сонува  Македонија да биде дел од Бугарија,тој договор што  Брисел и Софија мислат да го подметнат  на Македонија,може само да  ја продлабочи недовербата  меѓу македонците и бугарите и ке ја доживее судбината на Сан-стефанскиот мировен договор  кој важел само три месеци,каде во тој договор  Македонија била дел од Бугарија,посочи Петров.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This