ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА БУГАРИЈА: Иднината на Македонија во ЕУ е многу нејасна

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Однесувањето на с. Македонија е политички кратковидо, а Бугарија за Македонија е најдобар сосед и лобист, кој ја сврти политиката на Европската унија кон Западен Балкан, оцени потпретседателката на Бугарија Илиана Јотова во програмата „Теми“ на „ТВ Европа“.

Таа истакна дека е потребна точна дефиниција за концептот на „заедничка историја“, која веќе не треба да биде предмет на конфликт и потсетиу дека заедничката Комисија за историјата повеќе од пет месеци не работи…

За заострувањето на односите на релација Софија-Скопје таа оцени дека причина се претстојните избори и натпреварот на партиите во Македониоја, но и написите во некои медиуми…

Потпретседателката, меѓу другото, оцени дека „односите меѓу с. Македонија и Свропската унија назадуваат во однос на минатата година кога беа забележани доста сериозни позитивни чекори во европските извештаи.

Според Илиана Јотова, иднината на Република с. Македонија во Европската унија е многу нејасна, и покрај поканата за преговори.

Таа направи споредба помеѓу декларацијата од 2018 година за Западен Балкан донесена во Софија и неодамнешната од Загреб.

Според потпретседателката, документот од Софија постави појасен хоризонт, додека овој од Загреб е многу послаб и помалку конкретен, пренесе агенцијата „Фокус“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This