April 16, 2024, 11:44 am

Потрагата по глас повеќе – започна жестоко

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

И веднаш се случија чуда: ДУИ постави ултиматум, албанец за премиер, без да знае дали и колку пратеника ќе освои. СДСМ и Зоран Заев самите себеси се убедуваат дека можат, и тоа многу повеќе и многу подобро. А Оливер Спасовски побегна од телевизиско соочување со Владо Мисајловски – Кендо и ја испрати својата замена Лукаревска, која толку беше импресионирана од моќната реторика на Кендо, што остана без текст и занеме и доживеа политички патос граунд зиро. Ќе биде интересно.

Изборите се, всушност, времето кога започнува да се одмерува обичното изразување на волјата на народот. Изборната кампања е политичка активност и дејствување кое предметно фокусирано, аналитички осмислено, дејствено операционализирано и инструментализирано, како и персонално, временско и просторно определено политичко настојување за постигнување на конкретна политичка цел – целосна или делумна победа на изборите, за целосно или делумно освојување на политичката власт од страна на политичките субјекти. Го броиме третиот ден од изборната кампања за парламентарни избори 2020г. Ред е да го направиме првиот пресек за тоа што видовме, што слушнавме и што почувствувавме од првите настапи, искажаните апели, испратените пораки и искажаните слогани на учесниците во изборната трка. Имаме 14 подносители на листи на кандидати. Тоа се исто толку тркачи во изборната трка. Првична анализа ќе направам после првиот изборен бран (нема фази бидејќи кампањата до максимум е кратка), а тоа ќе биде среда, четврток, идната недела.

Сепак, не можам а да не ги споделам моите први впечатоци, импресии и констатации за учесниците во изборната трка. Денес ќе споменам само три субјекти: Коалицијата “Можеме“, предводена од СДСМ, Коалицијата “Обнова на Македонија“, предводена од ВМРО ДПМНЕ и третиот субјект ДУИ. Причината е една и едноставна: барем досега, само овие политички субјекти направија изборно ехо, изборен “баз“, што е основната и примарна задача на секој политички и изборен маркетинг. Почнувам со “најголемото“ изненадување – предлогот на ДУИ дека време е за албанец премиер, и тоа морално е, затоа што така велат Али Ахмети и ДУИ. Ништо ново од ДУИ: тие секогаш кога се во ќорсокак, влечат џокер, кој секогаш е албанците се онеправдани во Македонија, и затоа мора, те ова, те она, и редовно се повикуваат на Охридскиот договор и со “жими мајка“, ова е последно барање, нема повеќе, итн. Онака како го наметнаа овој предлог(исклучив и ултимативен), ќе им направи голема штета и ќе ги однесе во најголемиот пораз. Според мене, по штетноста е еднаков, со предизборната коалиција на СДСМ и Беса, каде СДСМ се обидува со ист трик и бајат блеф, повторно да освојува албански гласови. Тенко, многу тенко, толку колку Беса е политички бледа. Моите пријатели ги потсетувам на поимот “консенсуална демократија“ и “консенсуален кандидат“. И едното и другото не бидува со исклучивост, наметнување и политичка уцена. Да не заборават дека имаат голем борч. Толку за нив.

А сега, збор, два за очајничкото уверување од Заев и СДСМ кон избирачите – “Можеме!“ и тоа “уште повеќе“ и “уште подобро“. Ова е зборување, во суперлативи за себе, ама без основи, а за кого е наменето, во кој простор и време, еден Бог знае. И сега вака: во еден контекст, “Можеме!“ на Заев и СДСМ е тотално точно. Да, тие покажаа дека можат: да склучуваат срамни и предавнички спогодби и договори со Грција и Бугарија; да не почитуваат изразена волја на македонскиот народ на референдумот за името; насила да менуваат Устав на Република Македонија; спротивно на Уставот и законите да го сменат името Република Македонија; срамно да се откажат од македонскиот идентитет; безобѕирно да ги продаваат македонската историја, култура и историските и културните дејци, преродбеници и револуционери. Да, можат и да негуваат и зголемат корупција, да спроведуваат партиски непотизам и да грабаат народни пари преку СДСМ-овски тендеризам. И секако, дефинитвно, можат и знаат да лажат, да манипулираат и да спроведуваат измами од невидени размери. Ама, кога треба нешто да направат, да создадат и да изградат, тие не можат, ама апсолутно ништо. Идеолозите и организациските сапортери на “шарената револуција“ деновиве на отворена сцена на Заев и СДСМ им рекоа дека се опиени од мирисот на власта и дека нив и многу граѓани и невладини организации ги изманипулирале, до степен на разочараност. “Поубава“ препорака за избирачите, мислам дека не може да имаат и да сакаат.

После ова, ама воопшто не им вредат пораките од типот “Грижа за сите“(видовме, видовме, а и благодариме – не), “Ред, дисциплина и правда“, “Стоп ковид – 19“(е ова е врв на апсурдот и пофалба на глупоста), “Нова македонска економија“(што и направија на старата?; наместо економски бум, направија економски и инвестициски блам), “Сите за еко држава“(откако сé загадија и буквало не отруа). Господа, изборните кампањи се наука и уметност. Тие не трпат трупање и инфлација на толку пораки и слогани за само 48 часови. Тоа е предозираност од пораки и слогани. А дали знаете на што се должи предозираноста и какви последици таа предизвикува? Ќе научите, има време, само имајте желба. Не можам, а да не го спомнам дизајнерското бледило и креативната проѕирност, т.е. отсутност на графичките решенија на понуденото. Само кратенката СДСМ, со бели букви, на црвена основа. Неуспешно ребрендирање и чуден некој минимализам. Нема знак, што е разочарувачки. Нема и симбол, што е поразително. А отсуството на лого е рамно на катастрофа. Тупаницата изгледа отиде кај Левица, а розата, оли се отвори како пупка и листовите испопаѓаа, оли се исуши. Идеен, дизајнерски и графички “феномен“ што ќе се проучува на факултети. И како капак на се, Никола Димитров, глупо воскликнува: “Македонската нација во моментот нема вистински избор“!???

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “Обнова на Македонија“ се покажа доследна и конзистентна: Во декември минатата година на грандиозен митинг најавија Обнова преку Промени, Принципи и Правда. И еве ги во изборната кампања обзнануваат “Исправи се Македонијо!“ и предлагаат Одбери обнова. Значи, нивниот контекст е Македонија, ничкосана на колена од Заев и СДСМ. Нивниот апел е “Исправи се!“. И нивниот предлог, до избирачите е ““Одбери обнова“. Основната понуда е “Правда за сите, без исклучоци“, останатото следува. Господа, можеме да не ги сакаме вмровците. Можеме и да не ги почитуваме. Ама, ајде да бидеме фер и да си признаеме: на избирачите им ја нудат алката која недостасуваше: промени, реформа, принципи, обнова. Преку Правда. За сите. И тоа, без исклучоци. Дури има и понудена гаранција – “Се обврзуваме“. И се во вид на Проект. Е јас тука додавам – тоа е вмровски и македонски сторителинг во вид на Концепт. Концепт кој привлекува внимание (на избирачите), кој брзо влегува во свеста и потсвеста (пак на избирачите) и таму останува. До гласањето, за време на гласањето и по него.

СДСМ и Заев можат да бираат: Шах-мат во три потези, како шаховска стратегија за политички натпревар. Или гем, сет и меч. Како тенис во еден здив, силно темпо и јака динамика за изборна трка во која единствена опција е Победа. Не случајно Игор Јанушев решително изјавува – Имаме концепт и стратегија! Професорот, Христијан Мицковски, како вистински Лидер, само ќе констатира: “Изборот е јасен, нема дилема! Работевме на една читанка, т.н Проект Обнова. Во таа читанка може да се пронајде секој еден граѓанин. Таму ќе најдете поглавје за земјоделецот, каде што се обврзуваме да обезбедиме 640 милиони минимум. Земјоделецот ќе биде безбеден бидејќи ќе има обезбеден откуп. Не смееме да дозволиме да се сече крошна од јаболка во Ресен, не смееме да дозволиме да се истураат сливите во Пијанец, не смееме да дозволиме да стои необрано житото низ Пелагонија и да не бидат обрани лозовите насади во Тиквешијата…“

Кој не знае, кој не научил до сега, да научи и да знае – тоа е моќен имиџ на кампања. Тоа е јасна, разбирлива, концизна и убедлива порака. Тоа е иновативноста која недостасуваше, тоа е креативност што е неопходна. Порака која овозможува директна комуникација со избирачите, порака која создава афективен набој. Порака, која е решителна и сугестивна, но и непретенциозна. Таков вид на порака, овозможува стил на кампања со јасен исказ(што да се направи) и силни емоции(за Македонија и на гласачите). Тоа е кампања која укажува на незадоволителните состојби, но и кампања која повикува на достоинство (индивидуално и колективно) и интегритет (државен – на Македонија и национален – на Македонците). Дали ви зборувам напамет или со аргументи, сугерирам да го погледнете дуелот на Владо Мисајловски – Кендо со Лукаревска и Адеми. Ќе видете како Лукаревска и Адеми останаа без текст и неми, пред моќниот логос на Кендо, пред неговиот кредибилитет, т.е. неговата експресија и пред импресијата што ја остави пред нив и тв аудиториумот. Тоа се вика политички патос – граунд зиро. За темите, содржината, матрицата, насоката и динамиката на кампањата, нешто повеќе во следната прилика, за неколку денови.

Сотир Костов

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This