ПОТРАГАТА ПРЕКИНАТА: Според последните податоци во земјотресот кој ја погоди Турција загинале 41 лице

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Турција е прекината спасувачката операција по земјотресот од петокот, во кој, според најновите податоци, загинаа 41 лице.

 

 

Акцијата прекинала бидејќи припадниците на службата за вонредни ситуации го пронашле последното тело на лицето по кое се трагало под урнатините.

Земјотрес со интензитет од 6,8 степени ја погоди во петокот вечерта провинцијата Елазиг, на околу 550 километри источно од Анкара, како и во соседна Малатија.

Повеќе од 1.600 луѓе се повредени, од кои 86 се хоспитализирани, но никој не е во животна опасност.

Властите ги предупредија жителите да не влегуваат во оштетените згради поради опасност од уривање и нови потреси, па затоа многумина останале на отворено на температура која изнесувала минус шест степени Целзиусови.

Досега под урнатините се спасени 45 лица.

Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу изјави дека Владата ќе обезбеди финансиска помош за луѓето чии домови се оштетени.

Според него, околу илјада времени куќи ќе бидат изградени, а одделни училишта и џамии моментно се користат како засолништа.

Министерот за урбанизација Мурат Курум истакна дека властите почнале со уништување на 22 оштетени згради во Елазиг, а до крајот на годината ќе биде завршена изградбата на 2.000 нови куќи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This