Потрага по напаѓачот во Истанбул

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Турската полиција и натаму трага по напаѓачот кој за време на пречекот на Новата година во ноќен клуб во Истанбул уби 39 луѓе. ИД ја презеде одговорноста за нападот. Турските власти соопштија дека 34 од жртвите биле странски државјани. Скоро 70 луѓе биле ранети од кои четворица во критична состојба.

turcija-650x310

Напаѓачот најпрвин убил еден полицаец и уште едно лице на влезот на ноќниот клуб, а потоа отворил оган врз луѓето кои ја прославуваа Новата година.

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу изјави дека напаѓачот не бил идентификуван и оти се наоѓал во бегство.

„Според информациите што ги добивме од полицијата имало едно вооружено лице. Немало повеќе вооружени луѓе“.

Турскиот премиер Бинали Јилдрим ги негираше наводите дека напаѓачот бил облечен како Дедо Мраз, како што претходно објавија некои турски медиуми.

„Тој го остави оружјето на местото на злосторството и побегна, користејќи го хаосот што настана. Полициските сили работат на случајот. Сите опции се во игра. Тие работат студиозно“.

Се проценува дека во популарниот ноќен клуб Реина имало околу 600 луѓе, а клубот често го посетуваат и познати личности од Турција.

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган го осуди нападот, повторувајќи дека државата ќе продолжи да се бори против тероризмот.

„Турција ќе стори се што е неопхдно во регионот за да им обезбеди на своите граѓани сигурност и мир“, соопшти Ердоган.

Турската влада воведе цензура во медиумите во врска со известувањата за нападот на први јануари и забрани објавување вести кои можат, како што е соопштено „да предизвикаат страв во јавноста, паника и немир што може да го исползуваат терористичките организации“.

Нападот го осудија Советот за безбедност на Обединетите нации, Европската унија, Белата куќа и Кремљ.

Американскиот претседател Барак Обама нареди на Турција да и биде дадена целата можна помош во врска со истрагата.

Во поголемите турски градови се зголемени мерките за безбедност, а полицијата ги има блокирано приодите кон главните плоштади во Истанбул и Анкара.

Во минатата година овие два града беа цел на повеќе терористички напади.

На 10 декември беа убиени 44 луѓе, а 149 други ранети во двоен бомбашки напад пред еден фудбалски стадион во Истанбул.

Турција се бори против неколку терористички организации, вклучувајќи ги Исламската држава и курдските сепаратисти.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This