ПОТРЕБЕН Е НАПРЕДОК ВРЗ БАЗА НА КВАЛИТЕТ: Сѐ додека се именуваат лица со партиски книшки ќе бидеме на 108мо место на листата на Транспаренси интернешнл

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски наговести големи реформи во начинот на кој што ќе се именуваат фунцкионери во Република Македонија доколку тој ја добие поддршката од гласачите на следните избори. Тој во гостувањето во емисијата „Клик Плус“ истакна дека е потребен напредок врз база на квалитет, а не врз основа на партиски книшки и позиции и токму оваа методологија е инкорпорирана во програмата на ВМРО-ДПМНЕ за следните избори.

-Лицата кои што се именуваат да не трчаат во кабинетите на политичките партии да бара поддршка од политичките елити туку да се направи методологија која патем е инкорпорирана во нашата програма каде што секој ќе напредува базирано на квалитет, а не да напредува затоа што се јавил човекот од СДСМ, се јавил човекот од ВМРО, ДУИ, Алијанса или не знам кој. Се додека се случуваат таква трка по ваков вид на подршката ние ќе бидеме не 108 на листата на Транспаренси интернешнл туку ќе биде и послабо позиционирани, вели Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This