ПОТРЕБНА Е АМНЕСТИЈА ЗА ПАТРИОТИТЕ ОД 27.АПРИЛ: Мицкоски од Струмица повика на амнестија за луѓето од 27.април!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поради потребата за рушење на самодовербата на народот и државата се и политичките прогони, рече на денешниот мирен марш во Струмица, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-За да го исплашат народот, а сите оние врз кој сега се срушува тоа политичко сладострастие на реваншизам и ниски страсти треба да бидат показна вежба пред другите. -“Ако кренете главата може лошо да ве снајде”, тоа е пораката. ВМРО ДПМНЕ има денес 5 пратеници кои се теретат за нешто што не го направиле односно тероризам, а немојте никогаш да помислите дека ги заборавам и оние кои сега се по затворите, и кои се дел од оваа конструирана политичка хајка насочена против секој слободномислечки Македонец, истакна Мицкоски.

Тој додаде дека ги живее нивните судбини.

-И не заборавајте никогаш дека сепак има невини луѓе по затворите затоа ште се воделе од идеја и чесна мисла и единствен мотив им била нивната татковина Република Македонија. И на ова лудило на политички реваншизам мора еднаш да му дојде крајот, затоа што премногу долго се делиме на ваши и наши, на Македонци, и помалку Македонци и затоа е потребна амнестија за луѓето од 27 април, затоа што мораме да продолжиме напред, а нема напред ако живееме во минатото, нагласува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This